Конечно пристига Star Wars: The Old Republic

Кога во 1977 година Џорџ Лукас го издал првиот дел од џедај сагата Star Wars: New Hope ни во најлудите соништа не го предвидел културниот удар кој ќе го предизвика филмот. Од тогаш до сега, сите фантастични филмови се споредувани со него, сите негативци ги споредуваме со Darth Vader, музиката од филмот се изведува по концертни сали, сите ги слушнале репликите „May the force be with you“, „Do or do not there is no try“, „Use the force“ и многу многу други.

Сега повеќе од триесет години по излегувањето на првиот филм, фановите на серијалот се повторно возбудени. На Eurogamer во Британија ЕА Games, Bioware и Lucas Arts конечно го објавија датумот на излегување на заедничката игра, Star Wars: The Old Republic. За играчите кои ја имаат купено играта во претпродажба авантурата започнува на 20 декември во Америка и на 22 декември во Европа. Цената на месечната претплата е иста со останатите ММО-а односно 13 евра месечно.

Официјалната „церемониа“ на пуштање на серверите ќе започне на 15 dекември кога и официјално ќе бидат затворени серверите на  Star Wars: Galaxies и ќе биде објавен конечниот победник. Моментално се одржуваат бета викенди за играта,а за сега се од затворен тип ама ако сакате да си ја пробате среќата можете да направите профил и да се пријавите за тестер на www.swtor.com.

Малку порано беше претставени и минималната конфигурација за играње

Оперативен Ситем: Windows XP, Vista/7
CPU: AMD Athlon 64 X2 Dual-Core 4000+ или Intel Core2 Duo Processor 2.0 GHz
RAM:Win XP 1.5GM,  Win7/Vista 2GB
Видео: ATI X1800 или nVidia 7800

Како што е за очекување за ММО хардверските побарувања за играта се во пристојни рамки и се во рамките на секој просечен компјутер на пазарот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии