Конечно и преку Skype може да се испратат пари

Дејан Соколоски

во Вести

Мобилната верзија на Skype додаде можност за трaнсфер на пари. Плаќањето оди преку PayPal, а функционалноста е веќе достапна во 22 држави, јави TechCrunch. За користење на услугата потребна е најновата верзија на Skype.

Партнерството со PayPal на Microsoft му овозможи да додаде можност за испраќање на пари преку Skype. Google оваа услуга ја нуди преку Gmail, а Facebook преку Messenger.

Во моментов сервисот е наменет за трансакции помеѓу пријатели и роднини. За купување или плаќање за услуги потребен е друг метод. Тарифата за праќање пари преку Skype е иста како и за обично користење на PayPal.

Партнерството на PayPal со Microsoft е само последното во подолг период. Компанијата има партнерства со Android Pay, Samsung Pay и Baidu. Сервисот има интеграција со Siri, можност за плаќање во iMessages или Slack, или Outlook.

Засега трансфер на пари со PayPal преку Skype е достапен во САД, Велика Британија, Канада и најголем дел од државите членки на Европската Унија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии