Конечно победа! Човекот подобро препознава лица од AI

По куп порази oд компјутерите, конечно победа за човештвото! Во натпревар организиран во Кина, Ванг Јуенг ги претставуваше луѓето во борбата против вештачката интелигенција, и успеа да победи. Натпреварот требаше да покаже кој е подобар во препознавање на ликови, компјутерите или луѓето, и за прв пат по подолго време победија луѓето.

Г. Ванг е познат во Кина по својата фотографска меморија, вели Quartz. Еден од неговите подвизи е препознавање на специфична чаша вода помеѓу други идентични 520 чаши. Противник на г. Ванг беше вештачката интелигенција на Alipay, Mark. Вештачката интелигенција Mark има одличен сооднос во препознавање од 99.50 отсто.

Првите две рунди од натпреварот поминаа нерешено, но Mark ја загуби третата. Во рундата која ја загуби вештачката интелигенција натпреварувачите требаа да спојат една жена со нејзината фотографија од детството.

„Сакавме да го споредиме препознавањето на супер-луѓето како Ванг Јуенг и машините. Сакаме да ги апсорбираме и вметнеме овие способности во нашиот алгоритам и да направиме вештачката интелигенција да биде побезбеден и прикладен сервис за корисниците“, вели Чен Јидонг oд AliPay. Alipay е најголемата дигитална платформа за плаќање, на неа отпаѓа 48 отсто од пазарот, а платформата има 190 милиони активни корисници. Alipay е сервис во сопственост на најголемата азиска онлајн продавница, Alibaba.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии