Конечно Pinterest доби Android и iPhone апликација

Една недела по укинувањето на поканите, Pinterest ги објави и своите апликации за паметните телефони. Android апликацијата е достапна на Google Play маркетот. Изгледот нема претрпено некои големи промени во споредба со стандардната веб страница, освен тоа што е оптимизирана за мобилен телефон и содржината ја прикажува во 2 колони.

Апликацијата за iPhone и iPad е исто така достапна на iTunes и нема никаква разлика во однос со Android апликацијата, освен тоа што на iPad се прикажуваат четири колони, наместо две како кај паметните телефони.

За тие што не чуле за Pinterest, таа е две години стара друштвена мрежа која стана неверојатно популарна во последниве шест месеци, достигнувајќи до 20 милиони корисници. Поради сликите, Pinterest е многу популарен кај женската публика кои се неверојатно активни и верни онлајн корисници. Можеби затоа Pinterest генерира повеќе сообраќај од сите други поголеми мрежи, освен од Facebook и Tumblr. Неодамна Pinterest собра уште 100 милиони долари инвестиции кои му ја качија вредноста на 1,5 милијарди долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии