Конечно! Македонскиот интернет домен ќе се либерализира

Македонскиот пазар на .мк и .com.мк домени ќе се либерализира, што значи дека правни лица и компании ќе можат да се пријават како регистранти на .мк домените кои до сега ги издаваше Македонската академско истражувачка мрежа, МАРНет. Либерализацијата се случи една година од кога беше првично најавена. Во меѓувреме следуваше укинување на правилникот на МАРНет, и реорганизација на регистарот.

Според ИТ министерот Иво Ивановски либерализацијата ќе овозможи компанииите онлајн да продаваат домени, односно „секој ќе може да регистрира домејн од било кој компјутер, од било кој пристап до интернет“.

„Наш интерес е што повеќе регистрирани веб страници да бидат на .мк. затоа што овој индикатор се мери во голем број индекси, меѓу кои глобалниот индекс за иновации во ООН и ЕУ. Очекуваме дека со либерализација на овој сегмент на пазарот ќе можеме да покажеме уште еднаш дека имаме развиено информатичко општество и ова ќе биде првиот чекор на новини кои што ќе доаѓаат од МАРНЕТ.“, вели ИТ министерот Ивановски.

Новите регистрари ќе бидат регистрирани во наредните недели, по што ќе следи и официјална листа и соопштение за корисниците.

Дали ќе се покачи цената на домените?

Кога го правевме интервјуто со директорот на МАРНет, Сашо Димитријоски, беше најавено дека цената ќе остане иста, но сепак ќе зависи од другите регистрари. Цитатот беше „сепак е бизнис“, што значи и дека ќе сакаат да заработат, но со повеќе на пазарот ќе има и поголема конкуренција. Целото интервју може да го прочитате тука.

9 коментари на “Конечно! Македонскиот интернет домен ќе се либерализира

  1. ИТ, ќе можете да ги "замарате" малку МАРНЕТ со прашање до кај е работава? Месец дена помина и ништо од "бизнисов". Ваљда текстов не е гола пропаганда.

  2. МАРНет се смешка, а министерот е манекен. Со години ни продаваат исти ИТ приказни, но никако да тргне работата. #тапа

  3. Две години откако е најавено , две не една ,проверете си ја информацијата ,а најлесно ќе ви биде да си ја проверите веста .

    Иначе поздрав за ваквата одлука ,конечно да може и македонскиот граѓанин да регистрира многу брзо домен и без толку голема бирократија.

  4. Што ќе се случува со стари домени кои се сопственост на одамна пропаднати фирми? Во периодот 1996-2003 многу фирми регистрираа домени исклучиво за препродажба, а сега лежат блокирани и неупотребливи! Треба веќе еднаш МАРНЕТ да почне да одзема домени поради неплаќање!!!

    1. А зошто мислиш дека не плаќаат за истите ?! Можеби плаќаат. Не ги оправдувам само немора да значи дека некој не ги користи и плаќа за нив.

      1. Знам конкретни примери, биди сигурен дека е така како што опишав. И знам дека Марнет не правеа ништо по таа основа со години ("присилна" наплата и затворање на неплатени домени).

        Дури кога ќе размислам, и јас сум сопственик на еден таков домен од 1997 кој сеуште не е избришан од регистарот, а таа фирма на чие име е регистрирано одамна е затворена.

  5. Дали ова исто така значи дека ќе може да се регистираат домени од дома, ќе нема потреба од пополнување на формулари и сл.?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии