Конечно избор на прелистувач за Windows

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage} Microsoft го најави екранот за избор на прелистувач за Windows наменет за европските корисници. Овој избор на прелистувачи е барање на Eвропската Унија за да се сруши монополот на Internet Explorer кој до сега се инсталираше заедно со Windows. IE држи над 65% од светскиот пазар на прелистувачи, а вистински конкурент му е само Firefox со дел од 25%, а потоа следат Chrome и Opera со по 5%, односно 4 отсто.

Со овој избор, покрај поголема конкурентност меѓу прелистувачите, корисниците ќе имаат можност да си го изберат својот омилен софтвер и истиот да им биде инсталиран на Windows.

„Ќе започнеме со лимитирано надворешно стартување на сервисот, и очекуваме дека ќе биде комплетно достапно околу 1 март, неколку недели пред очекуваното.“ вели Дејм Хелмер од Microsoft на официјалниот блог додавајќи дека екранот за избор прво ќе се тестира во Британија, Белгија и Франција.

Изборот за прелистувач ќе може да се симне со стандардните Windows updates. Кога ќе се симне софтверот при старт на Internet Explorer ќе се појави екран кој ќе ви понуди избор од неколку прелистувачи. Откако ќе си го одберете ‘default’ прелистувачот ќе може да го исклучите Internet Explorer комплетно.

Интересно, по барање на Европската Комисија редот според кој се појавуваат прелистувачите во екранот за избор е случаен, со цел да не се фаворизираат одредени прелистачи.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии