Конечно Google овозможи „Merchant Registration“ од Македонија

Дејан Соколоски

во feature, ИТ.МК

Google Play ја прошири листата на држави од кои се овозможени „Google Play Developer Registration“ и „Merchant Registration“. Поголемата вест е дека на оваа листа конечно е додадена и Македонија!

Секако за девелоперите е многу поважно „Merchant Registration“. Со оваа можност македонските развивачи на апликации ќе можат да продаваат апликации. „Google Play Developer Registration“ беше достапен и досега, но „Merchant Registration“ ќе овозможи развивачите да ги продаваат апликациите, а не како досега да ги објавуваат бесплатно. Дистрибутор за Македонија е „Google Commerce Limited“, а „основната“ (default) валута е американски долар.

Заедно со Македонија на листата држави се додадени и: Бахами, Белизе, Фиџи, Гана, Гвам, Хаити и Маврициус.

„Ова ќе овозможи наплаќање на апликации преку Google. До сега можевме да качуваме само бесплатни апликации. Досега не можеа да се користат in-app purchases, ама одсега ќе може да се користи и ова. Ова секако ќе биде дополнителна мотивација за сите андроид девелопери од Македонија да работат на квалитетни апликации“, вели Александар Јовчевски од Web Factory.

Веста од својот профил ја сподели и WebFactory.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии