Kонечно! Google Chrome сега е достапен за Android уредите

По четири години откако Chrome беше претставен за десктоп компјутерите, Google ja oбјави и мобилната верзија на веб прелистувачот која ќе работи ексклузивно на Ice Cream Sandwich. Точно така. Доколку нeмате Galaxy Nexus кој работи на Android 4.0, тогаш ќе мора да почекате за надоградбата и можноста да сурфате преку мобилен на Chrome.

„Како и десктоп верзијата, Chrome зa Аndroid Beta се фокусира на брзината и едноставноста, но исто така има беспрекорно логирање и синхронизација за да може да го имате персонализираното веб искуство каде и да одите, од било кој уред.“, вели Google.

Google Chrome моментално е најпопуларен веб прелистувач во Македонија. Според статистиката на StatsCounter, и според посетите на IT.com.mk, Chrome е на прво место пред Firefox со 52 oтсто, односно 56 отсто.

[youtube]lVjw7n_U37A[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии