Конечно Google Chrome ќе ги замолкне здодевните видеа

Image courtesy of Google / YouTube

Најверојатно му се случува на секој, сурфате по интернет, отворате страници во посебни табови и си читате. Одненадеж однекаде започнува говор или музика, скролате до крајот на страницата, но не наоѓате плеер. Конечно по неколку минути забележувате дека звукот е од сосема друг таб…

За среќа на ова искуство конечно му доаѓа крај. Новата верзија на Google Chrome го исклучува звукот на сите видеа кои започнуваат со автоматски плејбек. Google оваа функционалност ја најави за Chrome 64, но тогаш беше одложена. За корисниците ова значи дека видеата нема да се вклучуваат со звук, освен во специјален случај.

Специјалниот случај всушност повеќе зависи од самиот корисник. Пример, за десктоп верзијата корисникот често го вклучува звукот на видеата на страницата; ако притиснал на страницата во прелистувачот, или ако е отворна оваа страна на „хоум екранот“ на телефонот.

Накусо, видеата ќе започнуваат со аутоплеј единствено ако се без звук или ако корисникот претходно покажал интерес за слична содржина.

Дополнително, секој корисник и така може да им забрани на веб-страниците од некој домен автоматски да пуштаат видео.

Освен што е здодевно, автоматското видео е лошо и кога корисникот пристапува на страница од мобилен интернет. Дополнително, придонесуваат и за поголемо оптоварување на процесорот, што дополнително прави полошо искуство за корисниците.

Google Chrome има уште куп помали промени кои се однесуваат на CSS, JavaScript и безбедноста кои може да ги разгледате на блогот на Google. Наградбите започнуваат во следните неколку денови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии