Конечно Facebook ќе не спаси од спам објавите

Ако ви здосадија куповите објави од едни исти извори кои ви го преплавуваат тајмлајнот, конечно добри вести. Facebook вели дека сите кои споделуваат вести над 50 пати се спамери.

Најчесто вестите кои вака се споделуваат се лажни, тврди Facebook. Казната за сите кои вака споделуваат информации е едноставна, намалена видливост на овие постови, пренесе Recode.

Намалената видливост на ваквите постови ќе биде без разлика дали се лажни или вистиниски, или доаѓаат од веродостојна страница. Компанијата едноставно ќе ја намали нивната видливост и нема да се појавуваат на тајмлајнот.

Промените на алгоритмите за прикажување на содржина на тајмлајнот биле и во двете насоки. Компанијата некогаш ги погодува како што посакува, а некогаш има непосакувани резултати.

Со намалувањето на видливоста овојпат друштвената мрежа постигнува две работи. Прво, ќе ги задоволи корисниците на кои им е преку глава од глупави постови за сешто и второ, ќе ги принуди овие медиуми да плаќаат за рекламирање.

Издавачите можат да продолжат да споделуваат колку сакаат вести, но ако вестите се споделуваат од некој од корисниците кои споделуваат над 50 вести, видливоста ќе падне. Со ова може значително да се намали посетеноста на дел од медиумите кои своите посетители ги добиваат од „спам“ на вести по различни Facebook-групи со голем број на членови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии