Komunicira.me – бесплатна апликација за инклузија на лицата со оштетен слух

Komunicira.me е бесплатна апликација им овозможува на сите поединци да комуницираат со лицата со оштетен слух и да го научат македонскиот знаковен јазик.

Веруваме во тоа дека технологијата е тука за да го направи светот подобро место за живеење и да креира можности кои претходно не постоеле.

Оваа апликација ќе направи уште еден чекор поблиску до инклузивно општество во кое преку технологијата, ги задоволуваме потребите на сите поединци. Преку овој начин на работење сакаме да инспирираме емпатија кај идните програмери – претприемачи, кои ќе ја продолжат оваа практика во иднина.

Апликацијата komunicira.me е целосно изработена од учесниците на Академијата за програмирање на Brainster: Марко Доновски, Оливер Божиновски, Горан Воиновски и Панче Димовски.

Изработена е во соработка со наставничката Викторија Волак, учениците Мимоза Далили и Филип Лефков и директорот Блаже Митев од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” Скопје – училиште за средно стручно образование на ученици со оштетен слух. Поддржана е од Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, а дигиталната содржина е креирана од NewMediaMk.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии