Комплетна проверка на преземените фајлови со Metadefender

Порано или подоцна, се има случено да преземете нешто што мислите дека е бараниот фајл. Името потврдува дека се работи за саканото, а на сличен заклучок ве наведува и познатата екстензија како .pdf, docx, zip или exe. Арно ама, често се случува во фајлот да е всушност вдомена штеточина која знае и те како негативно да се одрази на вашата безбедност. Во битката против ваквото нешто, антивирусот е алатка која обично се користи од повеќето како прва и последна линија на одбрана. Но, што доколку самоиницијативно преземете дополнителни чекори и таквите фајлови не ги скенирате со еден туку со над 40 антивирусни решенија, докажани ловци на вируси од репертоарот на Bitdefender, Kaspersky или F-Secure.

Metadefender е екстензија за прелистувачот Chrome која ги скенира вашите преземени фајлови со над 40 антивирусни енџини и бара неправилности кои можат да се кобни по вашата дигитална безбедност. Во моментот кога ќе ја активирате екстензијата можете секој преземен фајл да го скенирате рачно, така што ќе кликнете на истиот со десен клик и ќе изберете Scan with Metadefender, или пак да наместите автоматско скенирање на сите преземени податоци со обележување на опцијата Scan all downloads.

 

 

Најновата верзија на Metadefender врши уште подетални проверки на содржини како сктипри, макро и линкови, нешто што може дополнително да биде експлоатирано од хакери. Пронаоѓање на вакви сомнителни операции резултира со соголување на фајлот од малициозниот код и презентирање на фајлот во „чиста“ форма.

Бесплатната верзија на Metadefender ви дозволува да извршувате до 25 скенирања на час и тоа на фајлови чија големина не е над 140MB. За неограничена употреба, авторите бараат финансиска посвета со висина до 350 евра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии