Комплетна преработка на GTA V со GTA V Redux

Мартин Јованчевски

во гејминг

GTA 5 е една од најкомплексните гејмерски остварувања, не само во гејмплејот туку и во графиката. Многу модови пробаа да го надградат искуството, но многу малку успеваат да ја издигнат играта на наредното ниво.  GTA 5 Redux е еден од ретките кој успеа во тоа!

GTA 5 Redux е комплетна преработка на играта, особено во графичкиот енџин. Имате на располагање симулирано глобално осветлување, подобрување на интензитетот на одредени временски состојби и отстранување на матниот околиски филтер. Осветлувањето е пореално, особено во ноќните услови, а севкупниот изглед на околината може суптилно да се промени со над 15 графички филтри. Исто така, текстурите на скоро сите патишта се заменети со поверодостојни алтернативи, а нема да бидете разочарани ни во поглед на флората и фауната, како и целосниот систем на удирање и оштетувањето.

maxresdefault1

За уште пореално чувство, градот се одликува со вистински реклами низ билбордите, камионите и такси возилата, а физиката и зачестеноста на лисјата и ситните отпади, како и нивната интеракција низ светот е подобрена.

Како што сигурно ќе забележите уште на почетокот од овој мод, GTA 5 Redux не е само графичка надградба, туку и многу повеќе од тоа. Системот Wanted е проширен со реакција од војската, нови лица, возила и оружја, како и нови тактики за пружање соодветен отпор. За таквото нешто, ќе помогне и подобрената реалност на оружјата, а и малку поразличното управување со возилата.

Таканаречените Euphoria physics ги подобруваат реакциите на NPC ликовите, особено кога пукате во нив или кога пробувате да ги прегазите. Ние сме на почетокот од тестирањето и мора да признаеме, тешко ќе можеме да се вратиме на оригиналната верзија. Ако ѓаволот е во деталите, тогаш GTA 5 Redux е ѓаволски добар мод.

Проверете и самите!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии