Компјутерите и софтверот сега со трајно ДДВ од 5 отсто

За компјутерите, софтверот и сончевите колектори ќе продолжи да се плаќа само 5 отсто данок, се вели во новиот предлог-закон за данок за додадена вредност на Министерството за финансии.

Рокот за повластената стапка за овие добра и услуги истекуваше на 31 декември 2012 година, па затоа беа потребни измени на Законот за да се донесе трајна примена на 5-те отсто ДДВ за промет и увоз на компјутери и компјутерски софтвер, како и термални сончеви системи.

„Целта на примената на трајната повластена стапка е зголемување на квалитетот на информатичката технологија и образование, како и овозможување поголемо користење на сончевата енергија како алтернативен извор со што ќе се влијае на намалување на потрошувачката на електрична енергија и други извори за енергија, како и за заштита на животната средина.“, стои во соопштението.

Со измените на Законот за ДДВ предвидено е и ослободување од ДДВ при увоз на мали пратки од странство со вредност до 22 евра

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии