Јуџин Гостман има тринаесет години и доаѓа од Украина, ги сака Star Wars и Matrix, сака да јаде хамбургер и слатки работи, а татко му е гениколог. Сепак најважно за Јуџин е што е првата машина која успеала до го помине Тјуринговиот тест и да се претстави како човек. Јуџин е креиран во Русија и е прв програм кој успеал да ги „надмудри“ судиите. Натпреварот се одржа во Royal Society во Лондон а дел од судиите е Лорд Шарки човекот кој го водеше движењето за помилување на Алан Тјуринг.
„Кои се твоите омилени фантастични филмови? -Ми се допаѓаат Star Wars и Matrix; Може ли да се сложиме дека претходниците беа лоши? -Апсолутнo! Лукас треба да биде стрелан!“, токму овие одговори беа клучни за еден од судиите да заклучи дека – единствено човек од крв и месо може да биде волку изреволтиран од Star Wars: The Phantom Menace.
Тјуринговиот тест треба да покаже кога некоја машина се однесува интелегентно, а доволен доказ за тоа е да „убеди“ 30 отсто од испитаниците дека станува збор за човек, во петминутен текст диалог со судиите. Тестот е предложен од генијалниот математичар Алан Тјурин, а треба да даде одговор на прашањето: Дали машините можат да размислуваат? Концептот на текстот е судијата да им поставува прашања на човек и на машина, притоа незнаејќи кој е кој. Врз база на добиените одговори судијата треба да одлучи кој од скриените испитаници е човек, а кој машина. Компјутерот не треба да понуди точен одговор, туку единствено што поверодостојно да биде имитација на човек. Истиот програм речиси успешно го помина Тјуринговиот тест и во 2012 година, кога 29 отсто од судиите одговорија дека станува збор за човек.
„Нашата идеја беше да тврди дека знае се, но според неговите години беше разбирливо дека не знае се. Поминавме долг период развивајќи програм со веродостоен карактер“, вели Владимир Веселов еден од креаторите на Eugene Goostman, за Independent.







