Компанијата TriCipher со услугата myOneLogin

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Добро познатата компанија TriCipher, чија главна дејност претставува автентикација во внатрешните мрежи, од неодамна ја објави интеграцијата на услугата т.н. "myOneLogin" со популарните социјални мрежи: MySpace, LinkedIn, Plaxo, YouTube, Classmates, Friendster, како и Google, WebEx, Microsoft Outlook Web Access, SalesForce.com и други.

Услугата myOneLogin воедно е и прва веб апликација во која има искомбинирано силна автентикација и SSO (Single Sign-On) и е исто така прва во индустријата позната како SaaS (Software as a Service) – софтвер како услута, давајќи им на корисниците силна автентикација со само едно корисничко име и лозинка.

{mosimage}

MyOneLogin им помага на компаниите да го заштитат пристапот на вработените до веб апликациите кои ги користат и услугата располага со своја полиса за лозинки и извештаи на согласност, одстранувајќи го ризикот за "phishing" напади. Воедно и ги елиминира потребите од скапиот хардвер и софтвер за автентикација.

Досега, услугата myOneLogin е интегрирана во повеќе од 50 веб апликации,  заедно со Microsoft Active Directory и сите поголеми SSL VPN мрежи, вклучувајќи ги Juniper, Cisco и F5 подржувајќи ги со постоечката инфраструктура на автентикација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии