Компанијата Singular со номинација за најиновативен софтвер во iGaming индустријата

Во моментов, iGaming е една од најдинамичните индустрии на глобално ниво. Во сферата на онлајн обложувањето притисокот за иновација е голем со оглед на брзиот степен на легализација на нови пазари и многубројни регулативни промени.

Singular е интернационална компанија која оперира во iGaming и FinTech индустријата со седиште во Малта. Главните развојни бази на компанијата се лоцирани во Грузија и Македонија, со тоа што тимот во Скопје е фокусиран на развој на софтвер за спортско обложување.

Оваа година, по четврти пат софтверот на Singular е номиниран за EGR B2B Awards во 5 категории:

  • Најиновативен софтвер за спортско обложување
  • Најдобар снабдувач на софтвер за спортско обложување
  • Најдобра покер технологија
  • Иновативни казино игри
  • Најиновативен казино софтвер

Оваа година, решението за спортско обложување доби номинација и од уште една iGaming организација – G2E Asia Awards во категоријата „Најдобар B2B дигитален производ во iGaming секторот“.

„Да се работи на производ што е препознаен на светско ниво претставува особена гордост за програмерите, проектните менаџери и сите членови инволвирани во развојот на Singular софтверот. Ваков производ може да се креира само кога се работи со иновативна технологија, агилен пристап и тим од луѓе со најразлични вештини и перспективи.“ – велат од Singular.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии