Компанијата има право да ви ги чита приватните пораки, вели европски суд

Нема место за приватност на работно место, вели Европскиот суд за човекови права. Компанијата има право да ги чита приватните пораки преку било кој софтвер за разговор и електронската пошта, вели судот.

Решението доаѓа по завршувањето на судски спор во Стразбург побаран од романскиот инженер Богдан Барбулеску, кој се жалеше за нарушување на приватноста од неговите работодавци. На негово изненадување, судот сепак одлучи дека компанијата имала право да го шпионира неговиот Yahoo Messenger кој го користел за разговори со брат му и свршеницата во работно време. Како последица на ова компанијата го отпуштила.

„Бидејќи верувале дека пристапува преку компаниски профил, компанијата не направила грешка“, вели судијата одговорен за случајот. „Не е неразумно за работодавачот да сака да провери дали вработените ги завршуваат своите обврски во текот на работното време… Работодавачот реагирал во рамки на овластувањето, како што пронајде домашниот суд тие пристапиле до Yahoo Messenger под претпоставка дека информациите се поврзани со професионални обврски“.

Дополнително компанијата го предупредила г. Барбулеску дека имаат пристап до неговиот профил. Иако без сомневање компанијата не го прекршила законот, ваквото однесување сепак е непопуларно, уште повеќе ако вработените работат доцна, а нивниот живот сепак не завршува во моментот кога ќе влезат во канцеларија, исто како што нивното работно време не завршува кога ќе излезат и ги изгасат компјутерите.

2 коментари на “Компанијата има право да ви ги чита приватните пораки, вели европски суд

  1. I sudot vo strazburg dosudi protiv grcija vo sporot so Makedonija pa nikomu nisto…takvi se evropskite sudovi…kako im prdne si sudat i za koj stanuva zbor vazat pravilata…na primer za romanija..kanta drzava vo EU…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии