Компаниите ќе се надаваат за реклами во реално време на Facebook

Facebook подготвува услуга со која ќе им овозможи на компаниите да се наддаваат за пристап до одредена таргет група, пишува Bloomberg. Услугата е наречена Facebook Exchange иќе помогне одредени реклами да стигнат до заинтересираните корисници. Со анализирање на навиките на корисниците и посетата на различи страни,  апликации и други детали, Facebook ќе ги состави таргет групите во зависност од интересите на корисниците.

Со воведување на овој сервис Facebook ќе се обиде да го сврти лошиот старт на берзата и падот на акциите од 26 проценти. Овој сервис предвидува поефективно рекламирање, а со самото тоа пораст на цената на десниот дел од  страната Facebook. Информациите Facebook ќе ги добива од групите кои корисникот ги следи, содржини кои им се допаѓаат или „колачиња“,  но компанијата нема да ги  доставува податоците за посетените страни до клиентите.

Според информациите тоа ќе функционира отприлика вака: Разгледувате различни дестинации за годишен одмор, Facebook може да ви „понуди“ авионски летови или хотелско сместување во дестинациите. Исто така ќе биде можно рекламирање во реално време, на пример го следите Европското првенство во фудбал, пример натпреварот меѓу Шпанија и Хрватска. Во зависност од крајниот исход, на корисниците на кои им се „допаѓал“  победникот на овој натпревар ќе им бидат испорачани реклами на пример за карти  или сместување во Полска и Украина. Корисниците на кои  им се „допаѓала“ репрезентацијата која загубила ќе добијат различни реклами. Можеби анти-депресиви или некој локален паб.

До сега, како што покажа истражувањето на Reuters и Ipsos, рекламите допираат до мал број корисници на друштвената мрежа. Можеби со подобро таргетирање ќе може навистина да допрат до потенцијалните клиенти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии