#Комкаст S01E14: Кога си сам и тажно е сѐ…

#Комкаст е видео подкаст кој едноставно мора да го следите, бидејќи е воден од двајца пионери на македонската ИТ сцена – Дарко Булдиоски и Митко Цабевски. Дарко е основач на маркетинг агенцијата New Media Mk и сигурно сте чуле за AllWeb, конференцијата за дигитален маркетинг која ја организира. Митко има долгогодишно корпоративно искуство, но го знаеме најдобро по неговите активности на стартап сцената, и секако по U:plug, хрватскиот стартап кој направи паметен штекер. Митко е ко-основач на U:plug и моментално се сели во Хрватска, па оваа 14-та епизода на #Комкаст Дарко треба да ја носи сам на своите плеќи.

На #Комкаст се дискутира за се што се случува онлајн, од друштвени мрежи, нови медиуми, дигитален маркетинг до е-трговија во Македонија и интервјуа со реномирани ИТ експерти. Сите епизоди може да ги најдете на YouTube или на Тwitter со хаштагот #Комкаст. Од оваа епизода и IT.mk се вклучува во реобјавување на подкастот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии