#комкаст 93 – за Google Analytics 4 со Роберт Петковиќ

Што се случува, кои се промените, и како дојдовме до Google Analytics 4. Google Analytics е тема на новиот #Kомкаст во кој гостин на Дарко Булдиоски му е Роберт Петковиќ – Петко. Г. Петковиќ е еден од најпознатите и најпризнатите регионални експерти за аналитика.

Новата верзија на Google Analytics доаѓа со можност за обединето следење на активности низ веб страници и низ апликации. Ако се прашувате дали сега е вистинско време да се префрлите на Google Analytics 4, одговорот се чини дека е „Не сè уште“. За корисниците кои имаат единствено веб-страница без апликации, наместо да се префрлат, најдобро е да ги користат новата и претходната верзија заедно.

За повеќе информации прегледајте го целото видео, а потоа може да изгледате или преслушате некои од постарите подкасти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии