Комерцијални беспилотни летала може да летате само ако сте пилот, велат американските власти

Наскоро сите „пилоти“ кои ќе управуваат со дронови или беспилотни летала ќе треба да ги исполнуваат ригорозните услови кои ќе ги наметне Американската федерална администрација за авијација (FAA). Тоа што ќе ги погоди сите ентузијасти покрај максималната висина на која е дозволено летање на дроновите од 120 метри е што услoвите кои ќе важат за сите летала под 21 килограм се: дозволено се само летови преку ден и операторите на овие летала ќе мора да завршат обука за управување со леталата.

Изненадување е што наместо инструкции за поголема приватност кои се очекуваа за регулација, регулирани се технички детали за летовите. Ова можеби е делумно разбирливо со оглед на тоа дека FAA не сака леталата да можат да го попречуваат комерцијалниот авио сообраќај, но опфаќањето на суперлесните и мали летала во иста категорија со поголемите наиде на негодување.

„Ми изгледа дека ќе дојде до огромен хаос. Правилото е толку далечно од технологијата и аспирациите на индустријата… што ќе придонесе за гласно одбивање на регулативата“, вели Мајкл Дробац претставник на креаторите на дронови и иновации, организација чии членови се Amazon и Google за Wall Street Journal.

Вообичаено со излегување на препораката започнува период во кој ќе може да се приговара, по што веќе од следната година законот би можел да стапи во сила. Сепак официјализирањето на мерката би можело да се одложи и за една до две години.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии