Коментарите за FaceApp можеби се претерани, но покажуваат дека не сме научиле ништо

Ако користите некоја друштвена мрежа Facebook, Twitter, па дури и Instagram никако не сте можеле да ги пропуштите сликите на кои вашите пријатели изгледаат постаро. Апликацијата со која го прават ова е FaceApp и постои неколку години, но во последниов период е повторно актуелна. Апликацијата веќе има над 150 милиони корисници. За кратко време апликацијата се искачи на врвот по преземањата и на Google Play и на AppStore.

Ова секако е забавно или барем интересно, но доаѓа со малку посериозни последици по приватноста. Дозволата за преземање и модифицирање на сликите на серверот не е спорна и секако е потребна за да се променат сликите, но барањата кои ги има апликацијата се толку широки, што е тешко и да пронајдете било каква примена за која не сте дале дозвола. Дополнително, проблем е што и нема најава дека сликата ќе биде качена во облакот, ниту дека ќе биде избришана. Нема ниту објаснување дали двете слики (оригиналната и преработената слика) ќе останат во облакот или ќе остане само една од двете. FaceApp дури може во иднина да заработува од ликот на корисникот без ниту да го извести. Еве ги правилата за користење на апликацијата:

„На FaceApp му давате постојана, неотповиклива, неексклузивна, без авторски надомест, во целиот свет, целосно платена, пренослива лиценца, под лиценца за користење, репродуцирање, модифицирање, прилагодување, објавување, преведување, создавање дериватни дела од, дистрибуирање, јавно извршување и прикажување вашата содржина и секое име, корисничко име или сличност обезбедени во врска со вашата корисничка содржина во сите медиумски формати и канали кои се сега познати или ќе бидат развиени подоцна, без никаков надоместок“.

Ако мислите дека ова не е преголем проблем погледнете го краткото видео од култната серија Пријатели.

Секако ова не звучи добро, а не звучи добро затоа и што не е. Веројатно најчесто споменуваната опасност од „FaceApp“ апликацијата е најбезболна. Не постои начин на кој фотографиите можат да се злоупотребат од и во Русија.

Но, најголемиот проблем и не е во податоците кои го оставаме на FaceApp. Едвај една година е помината од неколку големи скандали со прибирање на лични податоци на корисниците. Сепак некако повторно дозволуваме пристап на нашите податоци до апликација со премногу широки барања во правилата за користење. Веројатно најпроблематично е барањето за комерцијална употреба, користењето на сликите за продавање и изнајмување делува неверојатно.

Сепак еден од најчесто користените примери на фотографии е за тренирање на вештачка интелигенција. За да го спречиме ова секако е предоцна, Facebook ги користи фотографиите за тренирање на својата вештачка интелигенција, а ова дури го прават и различни облак сервиси кои во теорија би требало единствено да ги складираат податоците на корисниците.

Апликација што бара волку широки овластување е речиси без сомневање во спротивност со новите европски закони за онлајн приватност. Дали креаторите на апликацијата ќе бидат под истрага ќе дознаеме наскоро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии