Добри апликации со Apple Pencil ќе „го стопат скептицизмот“ кај дизајнерите

Аpple Pencil беше претставено заедно со iPad Pro, поголема 13-инчна верзија на популарниот таблет компјутер. Цената од над 800 долари, перформансите, големината и самата наставка Pro значи дека Apple ги таргетира професионалците кои беа искрени околу iPad-от. Нивната критика доаѓа во форма на текст од влијателниот Wired во кој стоеше „извини Apple, но дизајнерите не работат на iPad“. Главната причина не е хардверот кој е одличен, туку практичноста. Дизајнерите не цртаат со прсти, тие сакаат да цртаат идеи на хартија со молив. Затоа е логично што Apple објави е-пенкало и поголем екран.

Но, големината на екранот не е важна, велат од Creative Bloq. Тоа што ги воодушеви е пенкалото кое користено со одличните апликации на Adobe станува навистина добра алатка за дизајнерите, илустраторите и сите останати кои работат со популарен софтвер за уредување на слики. Тоа што е интересно е што и Adobe, и покрај одличната Adobe Comp CC, мораше да креира нови апликации како Photoshop Sketch и Illustrator Draw кои во целост го користат моливот.

„Oткако ги пробавме апликациите за цртање на Adobe на iPad Pro, користејќи Apple Pencil, нашиот скептицизам се стопи. Според ова (иако кратко) искуство, Apple успеа да нарави одлично електронско перо, а Adobe навистина успеа да придонесе со софтвер кој му одговара“, велат од Creative Blog.

Апликациите добија совршен партнер со електронското пенкало на Apple кое е дизајнирано да го почуствува допирот на дизајнерот – притисни го на екранот за подебели линии, или пројдете нежно за потенки. Моливот може да се навали и да се користи за сенчање и оваа можност не само што не е трапаво решена, туку овозможува уште подобро искуство. Од Creative Bloq немаат лош збор за iPad Pro и за електронското пенкало, но и самите велат дека за утврдување на тоа дали квалитетот доаѓа од апликацијата или од моливот ќе мора да ја проверат и конкуренцијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии