Колку заработуваат ИТ професионалците ширум светот?

Платите во ИТ секторот во Македонија можеби се едни од повисоките плати, пред се поради побарувачката на талентот во индустрија која брзо се развива. Но во споредба со светските стандарди тие плати се далеку од средината, а врвот е скоро недостижен. Во истражувањето на MyHiringClub направено со над 9.000 компании од 40 земји, кое го пренесува и Wall Street Journal, е презентирана бруто платата на ИТ професионалци кои се на средина на кариерата. Најдобро платени се ИТ професионалците од Швајцарија со 171.465 долари/годишно; пред Белгија (152.980 долари/годишно) и Данска (139.920). На дното се платите во Бугарија од 25.680 долари годишно, зад Тајланд (34.423) и Виетнам (30.938 долари).

Според последниот извештај на Државниот завод за статистика, во Македонија нето платата на вработените во секторот „информации и комуникации“ за месец јуни, е 34.802 денари, значајно повисока од просечната плата која изнесува 22.025 денари. Очекувано во секторот „Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ платата е највисока и изнесува 44.556 денари или годишно 534.672 денари (8.765 евра). Најверојатно консултантските услуги значително го подигаат просекот на исплатената плата, а зошто се сместени заедно со категорија програмирање е потполно нејасно. За да го избегнат дното на табелата македонските ИТ професионалци кои се на средина од својата кариера треба да земаат околу 2,5 пати повисока плата од просечната или 2.100 долари, што сепак е тешко веројатно.

2 коментари на “Колку заработуваат ИТ професионалците ширум светот?

  1. Сметам дека споредбата не ви е на место и ги носите во заблуда читателите бидејќи споредувате македонски нето плати со странски бруто плати. Покрај тоа, треба да се земи во предвид и трошокот на живот во секоја земја поодделно. Пример, во некоја западноевропска земја просечната плата може да е 5-кратно повисока од македонската, но и трошоците за живот може да се исто толку повисоки.
    Исто така, бројките во графата со странски држави ми изгледаат пренапумпани. Колку за споредба, еве линк до една анализа која според мене е доста пореална: http://www.payscale.com/research/DE/Job=Senior_Ja

    1. Здраво Рубин, коментарот ти е ок и фер во барање на вистината. Стандардот на живот и трошоците прават огромна разлика. Но, ова не е анализа на IT.com.mk, туку ова се податоци од анализа објавена на сајт MyHiringClub, и за да ги ставиме во некој контекст искористивме официјални податоци од Заводот за статистика. Дали е бруто или нето, секој може да ги искалкулира тие разлики за да дојде до точната сума, барем во Македонија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии