Колку време поминувате на одредени веб страни?

Времето лета кога сте на вашите омилени сајтови, особено во ситуации кога сте спремни на сè, само не на продуктивна работа. Во случај да сакате прилепите точна бројка на потрошеното време и да видите на кои табови највеќе време поминувате би можеле да ги проверите следниве екстензии.

Time Speaks им кажува на Firefox корисниците колку долго им се посветуваат на отворените табови, односно веб сајтови. Покрај тоа што ви прикажува до секунда колку време се активни табовите, Time Speaks може да ги прикаже податоците и како графа. Во случај да сакате да го почнете ваквото надгледување од почеток, потребно е да кликнете на копчето Clear.

TimeStats e значително покомплексна екстензија за корисниците на Google Chrome прелистувачот. Слично на Firefox алтернативата, TimeStats собира детални статистички податоци за сајтовите кои ги посетувате и тоа на дневно или месечно ниво. Можете да добиете увид за целосно потрошено време, најчесто посетени сајтови, денови кога највеќе време трошите на интернет, како и да групирате одредени сајтови во категории по ваш избор.

Независно од вашиот избран прелистувач, екстензиите ќе знаат точно да ги истакнат вашите најголеми слабости во поглед на непродуктивното сурфање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии