Колку цигари дневно внесувате вдишувајќи загаден воздух

Нова година, нова зима и повторно исти проблеми со загадувањето. Штом е поладно, загадувањето на воздухот во градовите полудува.

Загадувањето во градовите е толку лошо, што сите кои го дишат воздухот внесуваат отровни ПМ 2,5 честички еквивалентни на неколку испушени цигари. Ова секако е случај во градовите во Македонија, но и во големите центри насекаде.

Дизајнерот Марсело Коељо и развивачот Амару Мартини изработија апликацијата која целото загадување ви го брои како цигари. Една цигара е еквивалентна на 22 μg/m3 честички. S**t! I Smoke е апликација која ќе ви покаже колку цигари дневно „пушите“. И иако има закон кој забранува продавање на цигари на малолетници, сите, па и децата можат недескриминирано да си пушат.

Апликацијата е едноставна и нема подетални информации, освен што покажува колку е загадено на посликовит начин. Инаку податоците се базирани на најблискиот сензор на вашата моментална локација, што секако не е претерано прецизно. Изненадување е што апликацијата „влече“ податоци во реално време од сензори кои се достапни и во Македонија.

Sh**t! I Smoke е достапна на iOS и на Android.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии