Колку повеќе време читате приказни, толку такви постови ќе ви сервисира Facebook

Facebook повторно го промени News Feed, овојпат за да може да го измери времето кое го поминувате гледајќи во некој пост. Ова всушност треба да го промени и начинот на кои алгоритамот ги прикажува постовите и според блог постот доаѓа директно од анализата на одговорите на прашањата која ја спороведе друштвената мрежа.

„Целта на News Feed е да ги покажува содржините кои сакате да ги видите. Акциите кои луѓето можат да ги направат на постовите: like, споделување или коментари – се едни од главните фактори кои досефа ги користевме за да ви ги прикажеме сториите во feed-от“.

Сепак отсега понатаму времето кое корисниците го поминуваат во разгледувањето на постовите ќе биде релевантен податок за тие да се појават на feed-от на пријателите. Но за да може да се направи споредба во зависност од интернет брзината, нема да се мери само врем ето кое корисникот го поминува во разгледувањето на некој пост, туку и ќе се споредува со времето поминато на други постови. Така доколку поминувате подолго време разгледувајќи фотографии на некој ваш Facebook пријател, алгоритамот ќе ги смести неговите фотографии погоре на листата приоритети на постови кои ќе ви бидат прикажани.

Целта на постојаните промени кои ги прави друштвената мрежа е да им прикаже релевантни податоци на сите корисници. Без разлика дали ќе одберете да коментирате или споделите некоја од содржините, сега најважен параметар ќе биде времето кое го поминувате во разгледување или читање на постовите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии