Колку користите од функционалностите на Facebook Messenger

Facebook Messenger на почетокот беше едноставна алатка наменета за едноставна размена на пораки. Како што поминува времето, Facebook постојано додава нови функционалности кои на најголем дел од корисниците ниту им се потребни, ниту некогаш ги користат. Сепак користите или не, апликацијата станува поголема, зазема поголем простор и ресурси.

Последниве десет дена,  мотивирани од Verge на место на стандардната апликација ја тестиравме Facebook Messenger Lite верзијата. Заклучокот е дека доколку не користите дел од додадените функционалности, нема ниту да забележите разлика. Сепак ако користите некоја од следните функционалности и ако ви се потребни, тогаш немате избор. Lite не поддржува:

  • Гласовен разговор;
  • Видео разговор;
  • Користење на Messenger за SMS;
  • Испраќање на GIF;
  • Користење на куп апликации под Messenger;
  • Можноста за иконите за активен разговор на екранот на телефонот (Facebook Chat heads);

Сепак не се само лоши вести. Она што веднаш ќе забележите е дека најгоре на апликацијата нема простор за копијата на Snapchat Stories. Оваа функционалност воопшто не постои, и ако тоа е добра вест. Заедно со останатите апликации за Messenger отидени се и игрите и ботовите.

Најважно е што Lite е многу полесен на просторот на телефонот и на меморијата, но благодарение на отстранување куп бескорисни функционалности, Messenger Lite е полесен и за користење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии