Колку добро ги познавате знамињата на бројните држави? Дознајте со образовната игра на Esri!

Esri, како што можеби знаете, е исклучително позната компанија која специјализира во софтвер од најразлични географски вредности. Од неодамна, компанијата реши да понуди и интересна игра со која ќе го провери вашето знаење за знамињата за бројните држави од светот.

Колку добро ги познавате знамињата и фактите поврзани за нив?

Се надеваме дека кликнавте на ликот. Пред сè, се надеваме дека имавте повеќе среќа од авторот на овој текст, кој дефинитивно треба да се врати зад училишната клупа. :)

The World Country Flags Game e феноменална интерактивна игра, со огромни образовни вредности и потенцијал за исклучително непријатни ситуации доколку се искористи како друштвена игра.

По вчитување на сајтот, ќе добиете десет знамиња и мапа од светот. Едноставно повлечете го соодветното знаме врз точната теритријална поделеност за да добиете поен. Играта завршува или по десет погрешни поставки или пак по искористување на сите понудени знамиња. За време на играта, можете до трипати да побарате помош, а доколку сакате уште поголем предизвик, можете да одберете и целосно друга тема, како подредување знамиња според најголемо население, најголема економија, најбогато население, најголема област, и слично.

Среќно! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии