Колку чини изработка на апликација за Android, iOS и Web?

Brainster

во feature, Веб, ИТ.МК

Одамна се прашуваш колку ќе те чини да изработиш сопствена Android, iOS или Web апликација и да започнеш нов бизнис?

Овој Калкулатор изработен од Brainster ќе ти помогне да ги пресметаш вкупните трошоци за изработка.

Учесниците од Академијата за маркетинг на Brainster го изработија Brainster калкулаторот со кој ќе можеш полесно да го испланираш твојот следен бизнис подвиг. Овој проект беше изработен за време на викенд хакатон, како дел од Project Based Learning програмата за дигитален маркетинг.

Едно од најчестите прашања кои ги добиваме секојдневно е: Колку пари треба да вложам за да креирам дигитален продукт? За да можеме да ти дадеме проценка, го создадовме овој калкулатор за заедницата кој е бесплатен и едноставен за користење. Сега имаш еден изговор помалку за започнување на сопствен бизнис.

Калкулаторот ќе ти даде customized проценка за можната цена на твојот следен продукт, врз база на опциите кои сакаш да ги содржи. Оттука, останува на тебе овој податок да го искористиш како референтна вредност во твоите преговори со програмерите околу цената.

Како функционира?

Одлучи како ќе изгледа и функционира твојата апликација, преку едноставна навигација одбери ги подесувањата а калкулаторот ќе ти пресмета која ќе биде цената. Со овој Калкулатор за една минута, ќе имаш пресметка за твоите вкупни трошоци за твојата идна Android, iOS или Web апликација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии