Колку брзи прсти имате? Проверете со нова македонска игра Tap Battlz

Tap Battlz е нова видеигра на македонското студио 3P Development, достапна за Android и iOS, и е една од наједноставните видеоигри кои сме ги виделе досега.

Да бидам искрен ова е прв пат да се обидам да пронајдам дефиниција за видеоигрите, бидејќи Tap Battlz е супер едноставна игра, за која практично и да не може да се коментира за графиката или за гејмплејот. Сепак Tap Battlz е видеоигра според дефиниција „Видеоигра – 1. секоја игра која се игра на специјализиран електронски гејминг уред, компјутер или мобилен уред и телевизор или друг дисплеј заедно со начин за контрола на сликите. 2. Било која од различните игри кои се играат на уред со чип како аркадна машина или рачна конзола“.

Добро е што играта е компетитивна, па можете да се натпреварувате со другарите или колегите. Инаку целата игра се состои во брзо допирање на екранот на телефонот за определен период. Победник е играчот кој за времето кое е на располагање ќе има повеќе допири на екранот, а играчите можат да одберат кое време е на располагање за притискање (играње). Ова секако не значи дека нема да се забавувате со оваа игра, но е ограничен гејмплеј.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии