Колку автомобили, автобуси, камиони, точаци и пешаци поминуваат пред Соборен храм?

Дејан Соколоски

во feature, Вести, ИТ.МК

Оваа недела Игор Трајковски, професор и основач на Time.mk, сподели интересно видео во кое може за кратко да ѕирнеме во дел тестовите на кои работат. Во ова видеo од дваесетина секунди може да видиме како компјутерите препознаваат објекти.

Со помош на камера, компјутер и алгоритам се следи сообраќајот на раскрсницата кај Соборниот храм Св. Климент Охридски. Компјутерот ги забележува сите поголеми објекти и потоа препознава дали станува збор за пешак, за автомобил, велосипед, камион, мотор или автобус, но и семафори. Веројатно најинтересен е делот на самото препознавање кое на видеото е покажано со рамки околу објектите.  Дел од возилата, на пример, дел автомобилите алгоритамот најпрво ги препознава како камиони, за по неколку секунди да ги префли во автомобили. Интересно, иако и сосем разбирливо е и непрепознавањето на споменикот  на раскрсницата, поточно погрешно препознавање како пешак.

Ова се почетоци на тестирањето на технологијата и сè уште нема податоци за прецизноста со која се препознаваат возилата.

Тестот засега единствено е за забава, иако ќе биде интересно да се види што може да произлезе од оваа технологија.

1 коментар на “Колку автомобили, автобуси, камиони, точаци и пешаци поминуваат пред Соборен храм?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии