Колкав е векот на траење на вашиот диск во тврда состојба (SSD)?

Почнете да споредувате HDD со SDD и ќе дојдете до заклучок дека иако и двете парчиња се користат за една цел – складирање простор, сепак се работи за два сосема различни принципи на работа. Од една страна, класичните хард дискови користат глава за читање/запишување податоци. Таквотo бришење и одново запишување податоци нема крај и, под услов да не се појават мртви сектори, можете да го користите до недогледно време. Ова не е случајот со SSD, и тие дискови имаат ќелии кои можат да сочувуваат податоци само одреден број пати. По достигнување на бројката, ќелијата згаснува и се префрлува на вечните пасишта. Тоа значи дека иако SSD дисковите се побрзи, нивниот век на траење е ограничен. Секое запишување, бришење и одново запишување ја троши не само ќелијата, туку и изолаторот помеѓу ќелиите, што резултира со неможноста на ќелијата да ја продолжи мисијата со складирање податоци.

Лоцирањето на крајот зависи од различните видови меморија, а највеќе од тоа колку битови има во една ќелија. Во оваа ситуација важи правилото што помалку (битови) – тоа подобро. Најчестата форма на SSD е MLC. Кратенката доаѓа од Multi-Level Cell, a самата технологија дозволува ќелиите да задржат два бита податоци и, со самото тоа, да издржат до 3000 циклуси на бришење и репрограмирање на ќелиите. Во скоро време забележителен е и нов вид кој се нарекува TLC, Triple-Level Cell и додава уште еден бит на секој ќелија, со што се зголемува густината, но страда издржливоста (и тоа за една третина). Имено, TLC издржува 1000 циклуси на запишување и репрограмирање на ќелиите.

Земајќи го сево ова предвид, секој SSD има рок на употреба кој се бележи според бројот на запишани терабајти, односно TBW (terabytes written). Нормално, судбината го има последниот збор и хард дискот (дали HDD, дали SDD) може да престане да работи многу порано (или подоцна) од она што вие би сакале, но, во случајот со SDD обично се знае кога таквото нешто би можело да се случи. Чисто за пример, Samsung претпоставува дека крајот за нивниот SSD 850 EVO би дошол некаде помеѓу 75-150TBW. За добивање увид во тоа колку терабајти имате впишано, ви препорачуваме да го проверите софтверот кој обично доаѓа со купениот SSD. Доколку сте некаде на граница од предвидените вредности, она што се препорачува е да направите бекап на важните податоци и полека да се подготвувате за нова инвестиција.

За дополнително забрзување на стартувањето на вашиот Windows, прочитајте ги нашите совети на таа тема!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии