Колектива продаде стотици купони за попуст во првиот ден

Во првиот ден по стартувањето Колектива продаде над 470 купони со 90% попуст на греано вино, намалувајќи ја цената на 10 денари од можни 90.

Секако дека се работи за 10 денари, па интересoт е очекуван, но токму и тоа е поентата на овие групни сервиси – да ја намалат цената да биде привлечна за корисниците, но да не им наштети на бизнисите донесувајќи им група луѓе. Секако потребно е да има доволно број луѓе за да биде успешна зделката, односно попустот. Доколку нема доволен број луѓе, зделката не поминува, а парите на корисниците им се враќаат.

Како што се спомена и претходно, .мк сервисите на почеток ќе бидат само во Скопје, но се споменува и проширување и во другите .мк градови.

4 коментари на “Колектива продаде стотици купони за попуст во првиот ден

  1. [sarcasm]470 купони х 10 денари = промет од дури 4.700 денари, импресивно. [/sarcasm]

    Идејата за групно купување како идеја е одлична, за поздравување е што стартуваа и два сајта кај нас, но на Колектива и Групер им фалат попривлечни зделки за барани производи/услуги доколку сакаат да постигнат успех и по стартот да не паднат во заборав кај корисниците.

    Знаеме дека е тешко да се обезбедат големи попусти кај производи/услуги кои добро се продаваат, но треба да се потрудат токму тоа да го направат за да привлечат корисници, а корисниците навистина да почувствуваат ќар од групно купување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии