Која компанија ги има најдобрите гејмери? Скопје ќе биде домаќин на Good Game натпреварувањето

IT.mk редакција

во гејминг, ИТ.МК

Следниот месец, на 24 октомври, за првпат Good Game натпреварувањето ќе се одржи и во Македонија. Домаќин на настанот е Скопје, а локацијата од која ќе се гејма е INNO FEIT. Покрај гејминг настанот има и димензија, и на нетворкинг, и на тим билдинг, а има и своја хумана димензија, а тоа е обезбедување поддршка на иновативни стартапи и млади претприемачи преку специјален фонд кој ќе се обезбеди од собраните средства од котизации и спонзорства на настанот.

Настанот е наменет за сите домашни компаниите. Тимовите ќе бидат креирани од вработени во овие компании. Па компаниите ќе се натпреваруваат да видат која компанија има најдобри гејмери.

Good Game е регионален еСпорт натпревар под покровителство на Самсунг. Скопје им се приклучува на Загреб, Белград, Љубљана, Берлин и Суджоу како локации кои се дел од Good Game. Учесниците ќе се натпреваруваат во Counter Strike: Global Offensive, игра која иако е постара, сè уште е една од најпопуларните игри.

Настанот ќе биде отворен и за посетителите, кои покрај следење на официјалното натпреварување на тимовите, ќе можат да посетат и неколку специјализирани експо зони и да почувствуваат дел од иновативното и забавно искуство кое ќе им биде понудено.

Организатор на натпреварите е компанијата Good Game Global од Хрватска. Досега има организирано неколку изданија во градовите од соседството кои од тамошната публика беа опишани како е-Спорт настани на годината, велат организаторите на настанот. Локален партнер на настанот во Скопје е агенцијата MPG Solutions.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии