Koja e Робин Денолм, новата претседателка на Tesla

Дејан Соколоски

во feature, Свет

Image courtesy of Tesla

Tesla официјално го постави новиот претседател, Робин Денолм која доаѓа од телеком секторот и ќе биде замена за Елон Маск кој подолго време ќе мора да биде заменет од позицијата претседател на компанијата.

„Верувам во оваа компанија, верувам во нејзината мисија и се радувам што ќе можам да му помогнам на Елон и на тимот на Tesla да обезбедат одржлива профитабилност и долгорочна акционерска вредност“, вели г-ѓа Денолм.

Додека не се официјализира оставката во Telstra, Елон Маск ќе и биде помошник и советник. Ова треба да обезбеди полесна транзиција и да и овозможи полесно да ги заврши обврските во операторот.

Г. Маск ја напушта положбата поради судска одлука. Ова беше дел од спогодбата помеѓу Tesla и Комисијата за хартии од вредност. Компанијата и г. Маск мораа да платат казна од по 20 милиони долари. Причината за истрагата на Комисијата за хартии од вредност е еден твит на г. Маск. Твитот „Размислувам Tesla да ја направам приватна компанија за 420$ по акција“ и „Обезбедени се средства“ влијаеше на берзата, а г. Маск беше обвинет за манипулација.

Робин Денолм доаѓа од австралискиот телеком Telstra

Робин Денолм на претседателското место во Tesla доаѓа од австралискиот телеком Telstra каде беше Финансиски директор и Главен стратег. Г-ѓа Денолм и досега беше дел од бордот на Tesla, но имаше улога на независен директор. Претседател на Tesla е уште сега, но ќе треба да поминат 6 месеци отказен рок, пред да може да замине од Telstra, пренесе Guardian.

„Telstra е фантастична компанија и уживав тука, но сметав дека нема да можам да се посветам во целост на новата улога како претседател на Tesla. Мислам дека поднесувањето на оставка беше вистински чекор“.

Новата претседателка на Tesla има двојно државјанство, Американско и Австралиско. Tesla и Telstra се само дел од нејзиното импресивно резиме. Таа има навистина богато искуство во повеќе технички компании. Досега покрај овие две беше дел и од Juniper Networks, Sun Microsystems и Toyota. Што се однесува до формалното образованиe, г-ѓа Денолм, има диплома по економија од Универзитетот во Сиднеј, магистрира трговија на Универзитетот во Нов Јужен Велс. Таа е една од само двете жени во бордот на Tesla, пишува Financial Times.

„Робин има долгогодишно искуство и во технолошки компании и во автомобилската индустрија, како член на бордот на Tesla во последните 4 години има значителна улога во компанијата”, вели г. Маск.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии