• Facebook – тешко да не се знае за најголемата друштвена мрежа која од почетоците во 2004 се повеќе и повеќе го зголемува бројот на корисници, моментално 170 милиони. Facebook е главно друштвена мрежа, со апликации, пораки, поклони кои луѓето си ги праќаат. Facebook е отворена мрежа и најголемиот аспект се става на јавната табла за пораки и сликите. „Кога ќе прашате што правите на Facebook кога ќе најдете некој нов онлајн пријател? Го поздравуваме и веднаш му ги гледаме сликите“ вели еден пријател кој неодамна започна да ја користи оваа мрежа.
  • MySpace – една од првите друштвени мрежи која доби милионски број на корисници и го сврте вниманието на интернет корисниците. Сајтот воглавно е од забавен карактер и е користен од тинејџери, а според comScore посетеноста на Facebook е поголема од онаа на MySpace кој исто така има огромен број на активни корисници, односно над 120 милиони. Сајтот е достапен на 15 јазици, и има одличен музички сервис наречен MySpace Music, кој особено е популарен кај младите бендови и музички таленти.
  • Hi5 – Друштвена мрежа, слична на Facebook и MySpace која е популарна особено помеѓу македонската онлајн заедница (сега шоуто на Hi5 го краде Facebook). Достапна е и македонска верзија на сервисот кој е користен од повеќе од 60 милиони активни корисници ширум светот.
  • LinkedIn – друштвена мрежа за професионалци, луѓе со кариера и бизнис ориентирани луѓе. Вашиот профил на LinkedIn личи како CV т.е резиме за работа. Во мрежата има уште 20 милиони вакви CV-ја така да можностите за да си ја подобрите кариерата со нови бизнис познанства е огромна. Исто така членовите во мрежата пишуваат препораки за вас што можат да се искористат во делот за вработување на LinkedIn. Доста професионална друштвена мрежа. (повеќе за LinkedIn тука)
  • Twitter – моментално најлудото нешто на интернет. Постојано се зборува за него, има само околу 6-8 милиони корисници, но потенцијалот на оваа мрежа е огромен. Целата идеја на Тwitter се кратки пораки од 140 карактери. Одговорот на прашањето „Што правите сега?“ ги исполнува многуте твитови на индивидуалци, додека компаниите го користат за рекламирање, промоција, а медиумите за кратки вести и линкови. Од една страна Twitter е начин да комуницирате кратко со вашите пријатели, а од друга е доста корисна алатка за добивање на флеш вести или брзи известувања. (дополнително: целосен водич за Twitter)
  • Flickr – најпознатион сервис/друштвена мрежа за споделување и закачување на фотографии. Голем број на интернет корисници го користат сајтот како прво место за пребарување на фотографии.
  • Last.fm – Ова е друштвена мрежа за луѓе што сакаат музика. Иако Last.fm личи на онлајн радио, сепак можете да си направите свое радио со своја плејлиста и истата да ја објавите, линкате итн. Проблемот е што сега оваа мрежа ќе наплаќа по 3 евра месечно за сите интернационални корисници, ама од друга страна огромната библиотека со разновидна музика чини многу повеќе од 3 евра.
  • Imeem – сличнo како Last.fm, Imeem овозможува креирање и споделување на вашата плејлиста исполнета со видеа, музика и фотографии.
  • DeviantArt – друштвена мрежа за артисти вклучувајќи фотографи, сликари, аниматори, дизајнери, графичари… Повеќе за DevArt прочитајте во нашата претходна статија посветена за оваа мрежа.
  • Scribd – друштвена мрежа преку која можете да споделувате книги и документи. Околу 50 милиони луѓе споделуваат разни документи преку овој сервис.
  • Geni – Genealogy е фамилијарна друштвена мрежа, ако може да да се нарече друштвена мрежа. Со овој сервис вие си го правите фамилијарното дрво и вашата фамилија има пристап до ова. Интересен сервис кој може да помогне да останете во контакт со роднини кои живеат далеку, да споделите слики и видеа или пак да славите нечиј роденден.
  • TheSocialWeb – ова не е друштвена мрежа, ова е онлајн телевизија со неделна емисија во која се разговара за друштвените мрежи.

Доколку користите некоја друштвена мрежа, што не е наведена погоре, па дури и ако имате нешто да додадете за тие погоре, слободно напишете во коментарите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии