Кој се обиде да влијае на изборите во Франција со објавување на имејл комуникацијата?

Емануел Макрон е новиот претседател на Франција. Сепак на неколку дена пред изборите, во изборниот молк во јавноста беше објавена имејл комуникацијата на кандидатот за претседател.

Се покажа дека комуникацијата не влијаеше на резултатот на изборите, но останува прашањето, кој ги организира нападите? Слични објави имаше и за Хилари Клинтон, иако таа имаше доволно време да одговори на прашањата. За разлика од тој напад, овој пат податоците не беа објавени на WikiLeaks, туку на 4Chan. Изборот на периодот за објава во предизборниот молк, можеби покажува дека напаѓачот не сакал да му остави простор на г. Макрон да одговори на обвинувањата. Иако дел од објавените документи се автентични, дел од објавените документи се лажни, тврдат од администрацијата на Макрон.

Вообичаено први на листата на можни виновници се руските хакери. Како и претходниот пат со Доналд Трамп и овој пат се зборува за блискоста на Марин Ле Пен со Москва. Пред нешто повеќе од еден месец безбедносните експерти Trend Micro обвинија дека имејл серверот на г. Макрон е цел на напад. Според безбедносните експерти групата креирала лажни En Marche домени кои потоа ги користела за фишинг напади на учесници во кампањата.  

Во претседателската кампања учестуваа и Twitter ботови кои се користеа за споделување на вестите и објавената пошта. Голем дел од твитовите на хаштагот #MacronGate беа од ботови. Дури 40% од твитовите се од 5% од корисниците. Еден профил твитал 1.668 во еден ден или 1 твит на минута, јави Recode. Twitter не дозволува користење на автоматизирани пораки, но и сега и во претседателската кампања во САД, тие беа користени.

За нападот е обвинета хакерската шпионска група Fancy Bear. Групата претходно беше обвинета за хакирање на серверите на Демократската партија во САД, но и на поштата на германската канцеларка Андреа Меркел.

Хакерскиот напад во случајот на Франција воопшто не го промени ставот на гласачите. Г. Макрон пред објавувањето имаше предност од 20%, која остана и на денот на гласањето. Изборот е добра вест за Европа и единствениот дигитален пазар. По Брегзит, изборот на Ле Пен, ќе беше посериозна закана за опстанокот на Европската Унија каква што е во моментов.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии