Кои се Niantic Labs, креаторите на суперпопуларната Pokémon Go

Минатата недела креаторите на најпопуларната видеоигра за телефони, Pokemon Go објавија дека за еден месец играта заработи 200 милиони долари. Сепак креаторите на играта Niantic Games, не се нови и до неодамна беа дел од Google, а TechCrunch, нè потсети на патот на основачот на Niantic, од Meridian 59 до Pokemon GO.

Koj e Џон Хенки?

Директор на Niantic Games, Џон Хенки и самиот е импресиониран од ММО видеоигрите. Тој е основач на Archetype Interactive кои ја креираа MMO играта Meridian 59.  По ова г.Хенки го основаше старапот Keyhole кој го креираше EarthViewer, сервис налик на Google Maps. EarthViewer овозможуваше надгледување на светот во 3Д-мапа, а корисниците можеа да се зумираат до улиците. За жал, EarthViewer не успеа да ја достигне „славата“ која денес ја имаат Google Maps, иако без сомневање Keynote, преку Google Earth, е дел од успешната приказна на Google Maps.

Во 2004 Google го купи Keyhole, откако компанијата се „прослави“ со преносот на инвазијата во Ирак 2003 година.

Image by Cydiaplus

Image by Cydiaplus

Ingress ја овозможи Pokemon GO

Иако сакаше да замине од Google, Лери Пејџ успеа да го убеди да остане дел од компаниајта. Тој е еден од најзаслужните за апликациите како Field Trip и играта во проширената реалност Ingress. Иако популарноста на Pokemon GO главно е втемелена на популарноста на цртаната серија и на носталгијата на играчите, технологијата зад играта во голема мера е иста со онаа во Ingress.

Ingress е уникатна и интересна игра, која освен футуристичката приказна и интерфејс кој ви прави да се чувствувате дека навистина припаѓате на Resistance или Enlightened, сепак е локациска игра која најдобро се игра со шетање, па конечната цел и е добронамерна – ќе ве натера да ги шетате знаменитостите низ градовите, и можеби по пат и да се подружите со другите играчи.

IMG_1699

Google станува Alphabet

Во еден од најнеочекуваните настани Google одлучи да се подели на повеќе компании. Alphabet е главната компанија, сите останати помеѓу кои и Google, се делови под оваа компанија. Niantic Games е дел од компаниите на кои Alphabet им даде независност.

„Niantic Labs се независна компанија. Ќе овозможиме уникатниот микс на истражување во забава да дојде до уште повеќе корисници, Google ни се приклучиуваат како партнери и соработници. Niantic ќе продолжи од успехот на +Ingress, игра која е преземена 12 милиони пати, и привлече над 250.000 луѓе на различни настани организирани на локации секаде низ светот.“, објавија од компанијата на Google+ профилот.

Pokemon GO

Команијата ја издава својата најпопуларна игра досега. Играта е достапна на iOS и Android. Играта постави рекорд по бројот на преземања на Appstore, а еден месец по излегувањето Pokemon GO го сруши рекордот на Candy Crush со месечен приход од 200 милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии