Извештајот на GfK покажува дека во 2009 година има повеќе жени кои се онлајн, но и покрај тој раст сепак машките корисници поминуваат повеќе време на интернет.

Според годините, интернетот највеќе го користат младата популација. Врвот на користењето е постигнат кај најмладите, од 15 до 24 години дури 88 отсто користат интернет. Интересно постарите корисници од 45 до 54 години помалку користат интернет сега, 35 отсто, отколку во 2008 година кога 38 отсто од нив користеле интернет.

„Имајте на ум дека интернет пенетрацијата меѓу популацијата постара од 45 години е под националниот просек, па ова потенцијалот на раст на интернетот може да се гледа во овој сегмент“ пишува во извештајот.

За тоа како и зошто го користиме интернетот, извештајот покажува дека пребаруњето, информирањето и комуникацијата е највообичаената активност на корисниците. Интересно има пад во симнување содржина. Ова може да се гледа како пад на пиратеријата? Што се однесува до онлајн банкарството и шопингот, скоро и да не се користат.

Што се однесува до користење интернет преку мобилен телефон, извештајот покажува дека има многу мал пораст кај корисниците кои користат мобилен интернет, но има огромен пораст кај тие што размислуваат да започнат со користење на мобилен интернет.

Целиот извештај можете да го најдете тука во .pdf формат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии