Кој код едитор го користите

Дејан Соколоски

во Вести, Софтвер

Изборот на софтвер за едитирање на код може значително да ја олесни работата и програмирањето. Можеби веќе имате омилен едитор, или сакате да тестирате некој нов или немате идеја што в е потребно? Изборот на најсоодветниот едиторот не е едноставен, но за среќа едиторот само ја олеснува работата, но не е клучен за програмирање. Ако вашиот омилен едитор го нема во оваа листа предложете ни го во коментари.

Visual Studio Code

Пред некоја година Visual Studio Code веројатно немаше да се најде на оваа листа. Сепак напредокот кој Microsoft и заедницата го направија во развојот, го става Code во разговор за најдобар едитор кој може да го користите. Една од најголемите предности му е едноставна интеграција со Git и супер лесeн „push“ и „pull“ на направените промени во код. Ова е не

што поважно при колаборација, но можноста за навраќање кон постара верзија е придобивка и за самостоен развој. Дополнително доаѓа со „in-editor“ дебагирање.

Постојаниот развој значително влијае и на растот на популарноста на едиторот кај корисниците.

Иако има поддршка за над 30 јазици едиторот е малечок и не троши премногу ресурси. Code e најприлагоден за развој на ASP.Net и C# софтвер, но има поддршка за речиси сè од HTML до PHP, Python, C++ и Java.

Notepad++

Супер „лесен“ и едноставен за користење се најголемите предности на Notepad++. Софтверот овозможува едитирање код во табови, а плагините го прават и многу флексибилен. Има неколку супер функционалности како автоматско вовлекување на редовите и автоматско-комплетирање. Овозможува и одбележување на синтаксата, „fold“ на код, и со оглед на тоа дека првенствено е едноставен текст едитор овозможува и пребарување и замена на текст. Notepad++ е најдобро прилагоден за HTML, CSS, JavaScript или PHP.

Предност е што е достапен на повеќе платформи Windows, Unix и Linux.

Sublime Text 3

Sublime Text не е потполно бесплатен едитор, иако можете бесплатно да го користите неограничен период. Повремено (не премногу ретко) ќе добиете покана да го купите софтверот, но и без ова може да продолжите да го користите.  За Sublime не се потребни многу ресурси што секако е предност. Sublime доаѓа со куп веќе развиени екстензии што го олеснуваат пишувањето на код. Sublime e достапен на Mac, Windows и Linux.

Најголема предност на Sublime пред останатите едитори е едноставноста на интерфејсот и фокусот на корисничкото искуство.

Цената на Sublime е 80 долари, што во време на куп квалитетни бесплатни едитори барем делува премногу. Сепак кодот кој ќе го добиете може да го користите на секој компјутер, а 80 долари и не се премногу пари за да го поддржите развојот на омилениот едитор.

Atom

Atom започна како проект на GitHub што значи дека сега е дел од Microsoft. Едиторот е бесплатен и доаѓа со отворе код. Слично како и Code доаѓа со поддршка за повеќе програмски јазици. Благодарение на поддршката на заедницата има куп библиотеки со кои се надополнува. Ова овозможува едиторот да може да се прилагоди на речиси секоја потреба на корисникот.

Најголемата предност на Atom е активната заедница зад едиторот. Веројатно најважно прашање е колку долго Microsoft ќе го одржува проектот, или можеби воопшто и нема намера да го „затвори“.

Brackets

Ова е повторно опен сорс едитор, но зад Brackets е и Adobe. Веројатно претпоставувате едиторот има супер интеграција со софтверот на оваа компанија. Brackets е покорисн за кодери кои често имаат потреба да „повлечат“ податови за фонт, боја, градиент и слично од PSD.

Brackets нема поддршка за премногу јазици, и веројатно е најкорисен за едитирање на CSS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии