Кој ќе ја плати казната ако автономно возило направи прекршок?

Image courtesy of Google

Mинатата недела полицијата во Калифорнија го сопре автономното возило на Google поради пребавно возење и блокирање на сообраќајот. Но, освен што беше малку комична ситуација за Google, сепак ова отвори интересна тема – кој ќе ја плати казната во случај на прекршок на автономните возила?

Во моментов ова прашање не е премногу сериозно, со оглед на тоа дека сè уште возачите мораат да им асистираат на возилата, но во иднина кога овие возила ќе видат вистински автономни, како што е експерименталното возило на Google, засега е непознато кој ќе ги плаќа казните. Нормално, сè уште нема ниту закони кои ги регулираат овие роботски-возила бидејќи се уште не смеат да возат на патиштата освен без специјална дозвола од градовите.

600

Но, во случај на незгода, најголемиот број на закони, вклучувајќи го и законот во Македонија предвидуваат плаќање на казна од возачот односно оној кој седи зад воланот.

Проблемот е што виновен за незгодата би бил управувачот на автономното возило, кој не постои како лице. Интересна е идеја дека автономните возила ќе решат еден голем проблем – возење под дејство на алкохол – но, ако сте пијан во автономно возило, и возилото вози пребавно, тогаш дали ќе ви ја одземат дозволата поради пијанство?

Ова не значи дека нема да бидат исплатени казни, вели Guardian. Дури и во моментов доколку автомобилите на некој производител доаѓаат со технички пропуст поради кој возилото претставува опасност можат да бидат тужени. Опасноста од сајбер напади и нивно детектирање, во моментов е проблем, но тоа е екстремен случај во кој вината ќе ја сноси и возачот и производителот и хакерот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии