Кој има интимни фотографии од Џеф Безос и како дојдоа до National Enquirer?

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Пред неколку дена Џеф Безос на Medium објави долг и контроверзен текст. Текст во кој обвинува владини агенции за украдени фотографии и за злоупотреба на медиуми.

Во овој пост, г. Безос пишува за луѓе блиски до претседателот Трамп, кои го злоупотребуваат National Enquirer. За да ја избегне истата грешка, одговорот го објави во блог на Medium, наместо на Washington Post, медиум кој е во негова сопственост.

На крајот на минатата година National Enquirer објави текст во кој за прв пат дознавме за интимните средби на г. Безос и Лорен Санчез. Во текстот како поткрепа беа споделени фотографии и пораки кои двајцата си ги разменувале во текст пораки.
Г. Безос секако бил заинтересиран за начинот на кој овие податоци протекле во јавноста. Затоа го контактирал експертот Гавин де Бекер со единствено упатство, да открие што се случило што е можно поскоро.

„Да, тоа ми го привлече вниманието. Но, не на начин на кој се надеваа. Секој податок кој AMI го има за мене мора да биде во втор план бидејќи има многу поважно прашање. Ако некој кој е на моја положба не може да ги запре овие уцени, колку луѓе можат? “

На 7 февруари, г. Безос објави дека бил жртва на уцена. Претставник на National Enquirer се обидел да искористи интимни фотографии од г. Безос за да го уценува. Она што претставникот на AMI, кои се сопственици на National Enquirer, го побарал од него е изненадување. Претставникот побарал од него да ја прекине истрагата; во спротивно поседуваат и други интимни фотографии и пораки кои ќе бидат објавени. Наместо да потклекне, г. Безос побрза и еден ден подоцна ја објави целата комуникација.

„Неколку дена откако слушнавме за апоплексијата на г. Пекер, ни пристапија, најпрво вербално, со понуда. Рекоа дека имаат повеќе мои текстуални пораки и фотографии што ќе ги објават ако не ја запреме истрагата.“

Веројатно прво што ќе ви падне на ум е дека некој го хакирал телефонот на Безос или Лорен Санчез. Сепак г. де Бекер вели дека се сомнева дека сликите и пораките се пресретнати од владини агенции. Овие податоци ги сподели новинарот на Washington Post, Мануел Роиг-Франзија во интервју за MSNBC.

Нетрпеливоста на г. Трамп и г. Безос не е тајна. Но, нема никаков показател дека станува збор за американска владина агенција. Владините агенции во овој случај може да се од било која држава. Иако ако судиме по блог постот на г. Безос, таму се споменати Саудиска Арабија и Русија, иако не во контекст на држави од кои потекнува евентуалниот напад.

Дополнително, овие држави и немаат начин да дојдат до приватни пораки од телефонот на Безос, вели Ars Technica. Ако се агенции на држави кои не се САД тоа би веројатно би значело дека успеале да се инфилтрираат во некој телеком.

Секако со оглед на тоа дека г. Безос ангажираше еден од најдобрите безбедносни експерти кој на располагање има неограничени средства веројатно наскоро ќе имаме и повеќе податоци.

Целиот текст на имејл комуникацијата помеѓу претставникот на National Enquirer и Џеф Безос е достапен на Medium.

1 коментар на “Кој има интимни фотографии од Џеф Безос и како дојдоа до National Enquirer?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии