Кој е просечниот македонски корисник на Facebook?

Ако се погледне статистиката, македонските корисници буквално висат на Facebook, со околу 50 отсто кои поминуваат над 3 часа на друштвената мрежа. За многу корисници, и тие помладите и тие постарите, Facebook е синоним за Bебот. Без него не би знаеле што да сурфаат, каде да погледнат слики или каде да споделат мислење. Но, во европски и глобални рамки, тој просек на поминато време на мрежата е сосема вообичаен, дури и помал од корисниците во САД кои трошат по 3,4 часа дневно. Таа статистика – покрај податокот дека има 1 милион македонски профили – е сосема доволна да ни покаже дека Facebook е огромен фактор за корисниците и брендовите, вели Никола Спасов од Агенцијата Рејтинг, која, заедно со New Media MK, е автор на ново истражување наречено „Фејсбук Нација“.

„Македонските корисници значително помалку комуницираат со брендовите на Фејсбук во споредба со европскиот просек.Ова пред се е должи на недостаток на квалитетна содржина креирана од страна на компаниите и брендови. Така кај нас за разлика од европскиот просек многу поретко се споделуваат содржините на брендовите се контактира дирекно со приватни пораки или се препорачуваат комапниите на пријатели.“, вели Никола.

Според тоа истражување, просечен македонски корисник е девојка од 28 години – на Facebook 49 отсто од македонските корисници се машки – со високо образование, која поминува над 3 часа дневно на мрежата, следи од 25 до 50 компании, има од 200 до 300 пријатели, споделува забавна содржина неколку пати неделно, и има паметен телефон преку кој се логира на мрежата скоро секој ден. Оваа слика повторно не е нешто што отстапува од глобалниот просек. Македонските корисници се однесуваат како и сите други од другите земји, освен кога станува збор за интеракција со брендовите, која ја нема. Само 2 од 10 следат брендови заради забава, и само 1 од 10 корисници имале директна комуникација со брендовите и компаниите преку Facebook. Еве неколку интересни статистики, а подолу е целото истражување.

  • 32 oтсто се постојано логирани, над 90 отсто проверуваат Facebook еднаш на ден. Глобално 60 отсто корисници се логираат секој ден.
  • над 43,9 отсто понинуваат над 3 часа дневно на Facebook, европскиот просек е 2,7 часа на Facebook. Во САД просекот е 3,2 часа.
  • 63% користат Facebook за комуникација, 47,4 отсто за информации и вести и 33,6 отсто за забава.
  • 20,7 отсто го користи Facebook за да биде во контакт со брендови
  • 49,9% споделува забавни содржини, 38,3 споделува лични ставови, случки и фотографии, 18,4 остава коментари за секојдневни настани и вести

4 коментари на “Кој е просечниот македонски корисник на Facebook?

    1. awful read. Набиено со површна етика до заби, али тоа би палело млади македонски интелектуалци, па топ е за тој таргет :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии