Кој е кој во југоисточна Европа кога стартапите се во прашање

Изгледот на стартап екосистемот во регионот во 2017 година е подобар од било кога. Ова е благодарение на неколку стартапи кои се лидери, но токму тоа дава оптимизам дека во иднина ќе биде и подобро. Гејминг студиото Outfit7 во 2017 е продадено за 1 милијарда долари, и со тоа стана регионален еднорог, вели извештајот на ABC Accelerator групата.

Покрај оваа компанија, на листата потецијални „еднорози“ се и: Rimac од Хрватска, Celtra од Словенија, NSoft од Босна и Херцеговина и Nordeus од Србија. Овие компании се своевидно собирно место околу кое расте целата заедница.

Секако лидер е Словенија. Стартапите од оваа држава преку Initial Coin Offerings успеаа да соберат повеќе средства во 2017 година, отколку јавната финансиска поддршка од целиот регион последните 10 години. Словенија и пред ова беше лидер во регионот кога криптовалутите се во прашање, па сега само се зацрврсти на оваа позиција.

Констатицијата ABC Accelerator е дека за спобрз и поглем успех на стартапите потребна е поголма заложба од државите. За жал, недостасуваат не само финансии, туку и препознавање на најдобриот начин да им се помогне на овие компании. Сепак како најголем недостаток е препознаен недостатокот на самодоверба кај локалната заедница и основачите дека ќе успеат да креираат вистински успешни компании.

Состојбата во Македонија

Можеби најдобар показател за тоа до каде е состојбата во Македонија е бројот на стартапи на 1 милион жители. Македонија има 89.7 стартапи на 1 милион жители. Тоа е блиску со Србија кои имаат 89, 4 и Црна Гора со 87. Далеку напред е Словенија со 213 стартапи на 1 милион жители, а Хрватска има 119.3 стартапи на милион жители.

Она што е добар показател е дека во Македонија има релативно младо население кое во добар процент е со високо образование. Тоа би требало да се претвори во иновација и претприемништво.

За жал, високата корупција и инфраструктурните промени ја спречуваат Македонија во реализација на потенцијалот.

Кои се структуралните предизвици?

ABC Accelerator забележува дека најголем проблем се законите кои се подоложни на постојани промени, но и високото ниво на корупција во администрацијата. Од критика не е поштеден ниту судот, за кој се констатира дека е слаб и корумпиран. Дел од експертската јавност во Македонија веќе има споделено слично мислење.

Конечно, тука се и преголемата јавна администрација, и нискиот буџет за истражување и развој.

„Јасно се гледа дека Македонија е поранешна комунистичка држава. Ова има многу последици. Пример: висока структурална невработеност; ниски примања; недостиг на стока за извоз и излив на мозоци“, вели авторот на истражувањето.

Повторно како главна предност на Македонија е посочена големината. Ова би овозможило брза имплементација на промените, а на Владата да раководи со државата како со стартап. За жал, ова не е прв пат да го слушнеме овој совет, но кога има недост од волја ова тешко се реализира.