Кои се ултимативните победници за Game Critics Awards: Best of E3 2017?

По кратката неизвесност, испливаa победниците за Game Critics Awards: Best of E3 2017, а резултатите од таквото нешто се пријатно освежителни. Wolfenstein II: The New Colossus можеби пушташе корени во четири категории, но доби награда само во една. Super Mario Odyssey одби да се задоволи со слична судбина и се истакна како ултимативниот шампион во три категории, влечејќи го со себе и Mario + Rabbids Kingdom Battle, со награди од две категории.

Светот, за жал, уште еднаш покажа дека не им треба уште една игра со атентаторите и Assassin’s Creed: Origins си отиде дома со празни раце. Кога сме кај игрите на Ubisoft, францускиот издавач се натпреваруваше низ 14 категории, но, со исклучок на Mario + Rabbids Kingdom Battle, ништо друго не успеа да ја импресионира комисијата, дури ни ветувањето за уште поголемо FPS лудило со Far Cry 5. Сосема очекувано, Xbox One X ги растури учесниците од хардверската категорија, а Destiny 2 беше прогласена за најдобра игра за PC, иако, ироночно, првата Destiny воопшто не ја удостои PC расата и нивната платформа. Star Wars Battlefront II, пак, ја собра наградата за најдобра мрежна игра, The Artful Escape of Francis Vendetti си отиде дома како најдобра независна (инди) игра, FIFA 18 е новиот спортски шампион, Forza Motorsport 7 ги остави да се гушат во прашина останатите учесници од тркачката категорија, а Ni No Kuni II: Revenant Kingdom ја увери комисијата дека таа е најдобрата RPG игра.

Кои се вашите омилени игри од E3? Кажете ни во коментарите или на социјалните мрежи!

Најдоброто од шоуто

  • Super Mario Odyssey (Nintendo)

Најдобра оригинална игра

  • Mario + Rabbids Kingdom Battle (Ubisoft Paris/Ubisoft Milan/Ubisoft)

Најдобра игра за конзола

  • Super Mario Odyssey (Nintendo)

Најдобра игра за PC

  • Destiny 2 (Bungie/Activision)

Најдобра игра во виртуелна реалност

  • Lone Echo (Ready at Dawn/Oculus Studio)

Најдобра игра за мобилен / пренослива направа

  • Metroid: Samus Returns (MercurySteam/Nintendo)

Најдобар хардвер

  • Xbox One X (Microsoft)

Најдобра акциона игра

  • Wolfenstein II: The New Colossus (Machine Games/Bethesda)

Најдобра акционо-авантуристичка игра

  • Super Mario Odyssey (Nintendo)

Најдобра RPG игра

  • Ni No Kuni II: Revenant Kingdom (Level 5/Bandai Namco Entertainment)

Најдобра борбена игра

  • Dragon Ball FighterZ (Arc System Works/Bandai Namco Entertainment)

Најдобра тркачка игра

  • Forza Motorsport 7 (Turn 10 Studios/Microsoft)

Најдобра спортска игра

  • FIFA 18 (EA Canada/Electronic Arts)

Најдобра стратегија

  • Mario + Rabbids Kingdom Battle (Ubisoft)

Најдобра семејна/ социјална игра

  • Hidden Agenda (Supermassive Games/Sony Interactive Ent)

Најдобра мрежна игра

  • Star Wars Battlefront II (EA DICE/Motive/Criterion/Electronic Arts)

Најдобра независна (инди) игра

  • The Artful Escape of Francis Vendetti (Beethoven & Dinosaur/Annapurna Interactive)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии