Кои се приоритетите на новиот директор на Google, Лери Пејџ?

Во таа организација може да се предвидат шесте приоритети на Лери Пејџ, Android, YouTube, Chrome, секако пребарување и реклами, и друштвениот аспект. Ова се гледа според унапредувањете на позициите на неколку клучни луѓе во Google.

Друштвениот аспект го презема Вик Гундотра кој претходно објави блог презентација како Facebook ќе го уништи Google ако не започнат да размислуваат за друштвеното, по што Лери Пејџ испрати меморандум до целата компанија дека ако не се открие друштвениот бизнис бонусите ќе паднат за 25%.

Мобилниот аспект го превзема Анди Рубин, креаторот на Android, кој сега е повисок потпретседател за независната мобилни платформи во Google.

YouTube ќе го води Салар Камангер, а целта е очигледна – да се направи YouTube релевантен видео сервис со квалитетна, почнувајќи од партнерска содржина и YouTube Live стримање.

За рекламите ќе биде инволвирана Сузан Војчички, која е со Google уште во почетокот. Таа им ја отстапи гаражата на Лери Пејџ и Сергеј Брин. Г-ѓа. Војчички заедно со Алан Јустас, кој ќе го води пребарувањето, се меѓу најискусните луѓе во Google. Знаејќи дека поранешниот директор Ерик Шмит беше нешто како возрасен водич за на-почетокот-млади основачи, можеби логиката е да се постават најискусните на чело на поважните и суштински бизниси на Google, да биде бизнисот во искусни раце додека Лери Пејџ го пробива YouTube, Android и друштвениот пазар.

(via Business Insider)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии