Кои се победниците на овогодишните DICE награди?

На дваесеттиот DICE Awards настан многу интересни игри дополнително беа возвишени и си отидоа дома со импресивни награди. Фактот дека Blizzard e ултимативниот победник за 2016 повеќе никого не изненадува. Според DICE, Overwatch стана извонредно достигнување во дизајнот на игрите и онлајн играњето. Покрај овие два трофеја, безмилосниот шутер зграпчи и награда за акциона игра на годината, како и најголемата награда од сите – Игра на годината. Ни Naughty Dog, односно Sony не беа за жалење и со нивниот Uncharted 4: A Thief’s End, нокаутираа во четири категории. Во поглед на инди игрите, пријатно се изненадивме што Inside ги освои срцата и произлезе со неверојатни три награди, а Тод Хаурд, продуцентот и режисерот од Bethesda, стана дваесет и вториот член на AIAS ѕидот на славните, за неговиот придонес во The Elder Scrolls и Fallout. Движејќи се низ листата од наградените, не можевме, а да не забележиме колку искуството со виртуелната реалност има влијание на овогодишните DICE. За таа цел, играта на Ubisoft, Eagle Fight, победи како имерзивна реалност и техничко достигнување, а Superhot VR ја презема наградата за VR игра на годината.

„Во последните 20 години, D.I.C.E. Awards отсекогаш ги соединувал најталентираните, најиновативните и наинспиративните умови во интерактивната забава за да се препознаат и прослават најголемите достигнувања во индустријата.“, објаснува AIAS претседателот Мајк Фишер. „Задоволство ни е да им честитаме на овогодишните победници кои, со нивните неверојатни игри собраа и забавуваа фанови од целиот свет и, со самото тоа, се инспирација за сите нас,“

  • Игра на годината: Overwatch (издавач: Blizzard Entertainment, девелопер: Blizzard Entertainment)
  • Извонредно достигнување во насока на игра: Inside (издавач: Playdead, девелопер: Playdead)
  • Извонредно достигнување во дизајн на игра: Overwatch (издавач: Blizzard Entertainment, девелопер: Blizzard Entertainment)
  • Имерзивна реалност и техничко достигнување: Eagle Flight (издавач: Ubisoft, девелопер: FunHouse)
  • Игра на годината за имерзивна реалност: Superhot VR (издавач: Superhot Sp. z o.o., девелопер: Superhot Sp. z o.o.)

  • Игра на годината за мобилен: Pokemon GO (издавач: Niantic Labs, девелопер: Niantic Labs)
  • Игра на годината за рачна направа: Pokemon Sun and Moon (издавач: The Pokemon Company, девелопер: Game Freak)
  • DICE Sprite награда: Inside (издавач: Playdead, девелопер: Playdead)
  • Извонредно достигнување во онлајн гејмплеј: Overwatch (издавач: Blizzard Entertainment, девелопер: Blizzard Entertainment)
  • Стратегија/ Симулација на годината: Sid Meier’s Civilization 6 (издавач: 2K Games, девелопер: Firaxis Games)

  • Спортска игра на годината: Steep (издавач: Ubisoft, девелопер: Ubisoft Annecy)
  • RPG/ MMORPG игра на годината: Dark Souls 3 (издавач: Bandai Namco Entertainment America Inc., девелопер: From Software Inc.)
  • Тркачка игра на годината: Forza Horizon 3 (издавач: Microsoft Studios, девелопер: Playground Games, Turn 10 Studios)
  • Боречка игра на годината: Street Fighter 5 (издавач: Capcom USA Inc., девелопер: Capcom)
  • Семејна игра на годината: Ratchet and Clank (издавач: Sony Interactive Entertainment, девелопер: Insomniac Games)
  • Авантуристичка игра на годината: Uncharted 4: A Thief’s End (издавач: Sony Interactive Entertainment America, девелопер: Naughty Dog)
  • Акциона игра на годината: Overwatch (издавач: Blizzard Entertainment, девелопер: Blizzard Entertainment)

  • Извонредно техничко достигнување: Uncharted 4: A Thief’s End (издавач: Sony Interactive Entertainment America, девелопер: Naughty Dog)
  • Извонредно достигнување во звукот: Battlefield 1 (издавач: Electronic Arts, девелоперч: EA Dice)
  • Извонредно достигнување во композиција на оригинална музика: Doom (издавач: Bethesda Softworks, девелопер: id Software)
  • Извонредно достигнување во лик: The Last Guardian—Trico (издавач: Sony Interactive Entertainment America, девелопер: JAPAN Studio)
  • Извонредно достигнување во уметничка насока: Inside (издавач: Playdead, девелопер: Playdead)
  • Извонредно достигнување во анимација: Uncharted 4: A Thief’s End (издавач: Sony Interactive Entertainment America, девелопер: Naughty Dog)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии