Кои се победниците на Golden Joystick Awards 2018?

Без преголемо кревање прашина, овогодишните Golden Joystick Awards 2018 тивко се провлекоа и, како ултимативни победници првенствено ги издвоија  God of War и Red Dead Redemption 2. Некаде помеѓу нив, целосно предвидливо и како комшија кој на сите им здодеа, се провлече и Fortnite, а си отиде дома не само со награда за најдобра натпреварувачка игра, туку и со награда за ултимативна игра на годината.

Победниците на Golden Joystick Awards 2018:

Најдобра приказна – God of War
Најдобра натпреварувачка игра– Fortnite Battle Royale
Најдобра кооперативна игра – Monster Hunter: World
Најдобар визуелен дизајн – God of War
Најдобра независна игра – Dead Cells

Најдобро аудио – God of War
Игра која сѐ уште се игра– World of Tanks
Најдобра улога – Брајан Дичарт (како Конор од Detroit: Become Human)
Еспорт игра на годината – Overwatch
Најдобра VR игра– The Elder Scrolls 5: Skyrim VR
Студио на годината – SIE Santa Monica Studio
Најдобар нов стример – Брајан Дичарт и Амилија Роуз Блер
Мобилна игра на годината – PlayerUnknown’s Battlegrounds Mobile

PC игра на годината – Subnautica
PlayStation игра на годината – God of War
Xbox игра на годината – Forza Horizon 4
Nintendo игра на годината – Octopath Traveler
Награда за највпечатлив пробив– Unknown Worlds
Најпосакувана игра – Cyberpunk 2077

Награда за критички признаена игра – Red Dead Redemption 2
Доживотно достигнување – Hidetaka Miyazaki (FromSoftware)
Огромен допринес – Xbox Adaptive Controller
Ултимативна игра на годината – Fortnite Battle Royale

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии